Гарсон Backoffice е моќна алатка за водење и контрола на работењето во угостителството и го издвојува Гарсон во однос на сите останати софтвери со слична намена на пазарот.
Иако можете да се одлучете за користење на едноставен ПОС систем или фискална каса, за исправно водење на ресторанот или клубот потребен ви е систем кој до детали може да го администрирате да го прилагодите по своето работење.
Низ повеќегодишниот развој и соработка со голем број на угостителски објекти Гарсон Backoffice апликацијата се разви во систем кој може да одговори и на најсложените кориснички барања.
Во зависност од сложеноста на работењето и потребните функционалности Гарсон Backoffice може да се порача во повеќе верзии.
Софтверот овозможува детални подесувања во зависност од бројот на продажни места, работни станици, магацини, места на припрема на артикли и останати параметри. Заради тоа, Гарсон задоволува потреби на различни видови на угостителски објекти без обзир дали се во прашање поединечни објекти или повеќе објекти во оквирот на иста фирма
Освен продажните конфигурации постојат низа други подесувања: изглед на самиот локал, бројот и распоредот на маси, распоредот на артикли на каси, број и конфигурација на печатачот, форма на меморандум и изглед на самите документи кои се печатат (сметки, нарачки. налози и слично)
За секое продажно место може да се дефинира посебна конфигурација на артикли така што групите и поедините артикли кои ќе се појавуваат на екранот за нарачки ќе одговараат на потребите на тоа продажно место.
На основа на вашиот план / скица или низ снимање на објектот креираме слика на реони за нашите корисници кој ќе го прикажуваат правилниот распоред и број на маси на продажните места.
Евиденцијата на артикли може да се прецизира до најситен детал доколку е потребно.
Дали артикалот се продава на парче или во литри? Дали храната се подготвува во објектот или не? Дали се подготвува на исто место каде е и магацинот со состојки? Дали за подготовка се потребни минимални залихи? На колку места се продава артикал од еден магацин? Дали е артикалот сеуште во понудата? Дали постојат нормативи? Дали може да се продава дел од артикалот? Како се формира и како се ажурира производ? Дали се порадава/некоја услуга/ресурси(изнајмување на локал,организација на настани)
Кога ќе размислете за она што се продава во вашиот објект – сигурно ќе си ги поставете сличните прашања.
Во Гарсон сето ова, Но и други особини на кој не сте се сетиле во моментот можете да ги подесете во прилика на внес и евиденција на артикли.
Модификатори се дополнителни описи на артиклите односно упатство за шанкерите и келнерите на кој начин да го подготват артикалот. На пр:
Сега, овие особини на вашите артикли може лесно да ги дефинирате и да му овозможете на келнерите брз и лесен пристап на слични артики.
Модификаторите може и не мора да имаат норматив, може да биде произволен или обавезен, повеќе или еден.
Со користење на модификатори се смалува бројот на артикли на касата, а се смалува и бројот погрешни и вратени нарачки.
Со Гарсон управувате со неограничен број на различни магацини. Може да имате посебни магацини за секој шанк, кујна , но и специфични магацини како што е продажбата на сладолед, франшизно пециво или некоја друга роба.
Поврзаноста на магцинот со продажното место овозможува податоците и состојбата на залиха секогаш да бидат ажурирани поготово во случаеви каде артиклите се припремаат и имаат свои состојки и нормативи.
Заради прецизно следење на залихи и евиденција на сите активности , во секој момент постои можност да се види состојбата или прометот на еден или сите магацини заедно.
Сите активности се во склад со книговодствени правила и при активности над магацините и артиклите се креираат потребни документи и извештаи.
pриемници/расходи/потрошок/корекција на трошоци/калкулации/попишана состојба/испратни листови/интерни испратници/повратница од добавувач/преносници/работни налози/почетни состојби/ дневни продажби/ книжења/....
Извештаите даваат прецизен увид во финансиското работење на објектот и со нивна анализа се воочуваат трендови кои натаму овозможуваат унапредување и оптимизација на работните процеси и понуди.
Освен податоци поврзани со набавка на материјал во Гарсон можете да евидентирате различни видови на трошоци, а имате и можност и прецизно да ги поврзувате уплатите и исплатите за вашите сметки. Со ваква евиденција може да добиете квалитетни извештаи кој ќе ги вкрстат приходите и расходите во објектот.
Гарсон 6 доаѓа со нови извештаи за сумарни прегледи и анализа на различно параметарско работење, полека осмислено за газдите и менаџерите. Освен во Backoffice апликацијата, овие извештаи се достапни во Андроид апликацијата Гарсон Аналитикс.
Сите извештаи може да се експортираат во ексел или може да ги преземи друга апликација или програма во системот.
Сигурност на податоците се обезбедува со ограничен пристап на поедини опции и информации на одредени вработени.Со подесување на системот за привилегии може да се воспостави контрола над податоците така што во потполност е смалена можноста за пропуст и злоупотреба.
Посебна одлика на Гарсон е тоа што ова подесување може да се направи на ниво на поедини ставки. Заради ова , кога ќе се појави потреба, одредени опции може лесно да се одобрат/ оневозможат на поедини корисници или група на вработени.
Освен контрола на пристап во Гарсон постои прецизно следење на важни настани, направени измени во измената на податоци.
Со помош на овие механизми лесно се избегнуваат евентуални грешки и спорни ситуации (кој ја сторнирал таа сметка, кој го затворил работниот ден....)
Гарсон овозможува и следење на работата со соработниците било да се работи со купувачи или добавувачи.
Може да се евидентираат: фактури, должење и побарување, влезни и излезни сметки.
Посебно се издвојуваат опциите за евиденција на вработените кај соработниците доколку им е овозможено користење на подобности кај вас. На пр. Во случаеви кога вработените од некоја фирма порачуваат ручек од вас по посебни услови, тогаш за нив се формираат посебни картици, а сметките се издаваат поединечно или сумарно на крајот од утврдениот период.
Гарсон Backoffice функционира како самостојна апликација во однос на Гарсон ПОС. Тоа значи дека може да се инсталира на место на кое вам најмногу ви одговара:Во компјутер во канцеларијата во ист локал, на лаптопот на газдата или менаџерот, на компанииски сервер или централа или сервер кај некој од интернет провајдерите.
Еден дел од работењето може да го видете и преку вашите мобилни телефони. Погледнете како може да го користете Гарсон за мобилни уреди: Гарсон mobile suite
Или нас вие контактирајте не на : +389 (0)43 400-500 и garson@codex.mk