Гарсон Mobile Suite

Андроид апликација за ресторани

Гарсон FLY

Андроид апликација за мобилно издавање на сметка

Како функционира?

Оддалечено или мобилно порачување е примање и издавање на нарачки и наплата на сметки директно пред маса со помош на мобилниот уред(телефони, таблети, посебни уреди).

Келнерот ја внесува сметката која автоматски стигнува до шанкот и кујната и нејзината подготовка може да почне веднаш без чекање келнерот да се врати до шанкот.

Додека се подготвува една нарачка келнерот може да продолжи со примање на нарачки на други гости. На овој начин се забрзува работата на целиот локал и се намалува времето на чекање на гостите.

Сето она на кое сте навикнале, на андроид уред

FLY апликацијата , Гарсон може да го користите на било кој андроид уред. Келнерите може да ги користат своите телефони, а може да се користат и заеднички уреди кој ги обезбедува газдата и кои ги користат сите вработени.

Функциите и операциите на Гарсон FLY апликацијата одговараат на стандардната ПОС апликација. Достапно е се на она што сте се навикнале: избор на групи и артикли, промена на количина, сторнирање на ставки или цели нарачки, трансфер на маси, одобрување на попуст, преглед и избор на реони и останато.

Апликацијата едноставно се инсталира и функционира во рамки на Гарсон системот. Поддржани се сите резолуции на уреди и ориентации на екранот.

Гарсон Fly андроид со својот нов дизајн обезбедува удобно порачување и наплата преку мобилни уреди, но и го следи дизајнот на кој сте се навикнале.

Зошто да се користи мобилен пос во ресторанот?

Гарон LIVE

Андроид апликација за менаџери

Овозможете на своите менаџери увид во сите важни аспекти на дневното работење!

Преглед на дневниот промет по различни критериуми

  • По келнер
  • Начини на плаќање
  • Промет на поедини артикли
  • Промет по група на артикли
  • Најпродаван артикал
  • Најдобри маси
  • Најдобри келнери

Преглед на сите активни нарачки

  • Преглед на отворени маси
  • Преглед на сите нарачки на масите

Преглед на важни настани

  • Сторнирање на ставки и нарачки
  • Издавање на сметки
  • Одобрување на попуст
  • Промена на начин на плаќање
  • Издавање на фискални извештаи

Гарсон ANALYTICS

Анализа на работење за газди

Со новата Гарсон Analytics апликација газдите на рестораните имаат можност за увид во случувањата во објектот преку своите андроид уреди. Можен е преглед на моменталната состојба, но и на различни прегледи низ архивата на случувања.

Апликацијата е лесна за користење, лесно се презема и поврзува со основната Гарсон апликација, има посебно развиен сигурносен систем кој спречува неовластен пристап на вашите податоци.

Ново > Систем за попис

Интеграција со Massec Inventory системот

Повеќе за системот
Сакам да добијам понуда за својот локал

Или нас вие контактирајте не на : +389 (0)43 400-500 и garson@codex.mk