Гарсон ПОС

Брзи и интуитивни апликации за вашето продажно место

Гарсон ПОС е една од најпопуларните програми за угостителство на пазарот во нашиот регион. Познат е по својот интерфејс, напредни функции о различни можности за прилагодување.

Графички приказ на ресторанот и распоредот на маси, препознатливи слики на артиклите, евиденција на различни начини на плаќање, печатење на посебни налози за шанк и кујна и приказ на дневното работење гарантира на ПОС от прецизна и брза работа.

Гарсон моментално е инсталиран во 1000+ различни објекти: кафетерии, класични и fast food ресторани, пекари, клубови, спа центри, хотели. Во секој од нив, без обзир на сложеното работење и backoffice процедурите, секако се издаваат и подготвуваат нарачки и наплаќаат сметки, а тоа го прави Гарсон ПОС.

Освен искуството и големиот број на корисници , погледнете подолу од што се разликуваме од другите.

Брзи нарачки и наплата

Гарсон ПОС ја поддржава секоја операција која му е потребна на келнерите и шанкерите за внесување на нарачка, наплата и останатите дневни операции да се извршат брзо, интуитивно и точно.

Интерфејсот е прегледен и едноставен. Опциите кој често се користат се издвоени и лесно достапни. Копчињата се поставени така што внесувањето е брзо, посебно на touch – screen уредите. За приказ на артиклите и соодветните групи се користат икони и слики од производите така што куцањето е олеснато. Interfejs je pregledan i jednostavan. Opcije koje se često koriste su izdvojene i lako dostupne.

Пос работи на сите видови на десктоп компјутери , all in one ПОС компјутери и touch screen уредите (монитори , пда и мобилни уреди).

Работа со масите

Масите на екранот се преставени графички така што се добива реален приказ на реонот и распоредот на маси во локалот.

На масите јасно се видливи информации за нарачките, келнерите и активносите на поединечни маси(колку често се порачува на пр.)

Освен креирање на нарачки постојат и опции за спојување и раздвојување на маси како и за трансфер на задолжениа од една маса на друга.

Неограничен број на продажни места

Не постои ограничување на бројот на компјутери, фискални и ПОС печатачи и мобилни уреди во системот. Исто така различни каси не мора да користат исти магацини, ниту артиклите мораат да се припремаат на исто место.

Затоа пред секоја инсталација се креира информационен систем кој на најдобар можен начин ќе го проследи работењето и ќе ја оптимизира продажбата.

Loyalty програми

Како би се остварил што подобар однос со гостите, Гарсон нуди механизми за имплементација на различни програми на лојалност:

  • Kреирање на лични карти и доделување на посебни привилегии
  • Доделување на попуст на вип гости и членови на клуб
  • Дефинирање на специјални промоции, понуди и happy hour акции
  • Креирање на различни ценовници
  • Одобрување на попуст на различни нивоа
  • Одобрување на различни попусти за различни групи на производи
  • Одложено плаќање

Печатење кое Вам ви одговара

Посебен систем во Гарсон е задолжен за секое печатење во објектот и лесно се подесува каде и како ќе се појавуваат поединечни документи и извештаи и како ќе се печатат.

Печатењето на нарачки може да се извршува раздвоено така што на шанкот се печати дел од нарачката која се однесува на пијалок а во кујната се печати дел од нарачката која се однесува на подготовката на храна.

Вид на печатачи

- Фискални, пос или А4 печатачи

Место на печатење

- - Шанк, кујна, канцеларија, лаптоп

Изглед на печатење

- - Со наслов и лого, во боја, црно – бело, по посебна желба

Фискални уреди

Гарсон има најголем број на поддржано фискални уреди. За сите водечки модели на пазарот постои дирекна интеграција во софтверот, а во рамки на нашата компанија работат и овластени сервиси на Дуна.

Во прилика на првото опремување на локалот или промена на власништво можеме со инсталацијата на софтверот да обезбедиме и фискализација на вашите печатачи и набавка на останатата опрема.

Софтверот за интеграција (2D link) работи секојдневно со повеќе од 1000 фискални уреди што значи дека имаме многу искуство и имаме одговор на сите ваши прашања во врска со фискализацијата и опремата. Затоа со Гарсон ме мора да се грижете за непредвидени незгодни ситуации како што е снемување на струја/напојувања/хартија при печатење или генерирање на извештаи.

Опрема која ја препорачуваме

Испорака

dostava za restorane

На сите корисници кој нудат испорака на храна му ја олеснивме работата.

Клиентите кој веќе порачувале лесно се идентификуваат преку бројот на телефонот така што се прескокнува секое дупло (и заморно за клиентите) запишување на податоците(име, адреса,телефон,спрат,интерфон,напомена).

После нарачката, се евидентира испорачувач и се печати блок со потребните податоци.

Овозможено е дефинирање на зона на градот и ограничување на посебни улици во кои се врши достава како не би настанала грешка.

Освен со убрзување на процесот, добивате и анализа и статистика на доставени нарачки како и учинок на испорачувачот.

Апликацијата за испорака може да биде составен дел од постоечката каса (Гарсон ПОС) но може да работи и на посебен компјутер.

Ставете контрола, памтете ги своите клиенти и убрзајте го процесот на порачување.

Кујнски / шанк дисплеј

Посебни дисплеи може да се постават на местата каде ќе се врши подготовка на нарачки. На нив се прикажуваат информации кој помагаат излегувањето на нарачки да оди по исправен редослед, што е можно побрзо.

Доколку се користи Гарсон Fly мобилна апликација тогаш келнерот со нотификации се обавестува дека нарачката е спремна. На овој начин дополнително се скратува време помеѓу креирањето и испорачувањето на нарачката.

Гарсон Kitchen Display покажува: редослед на нарачки, поврзани нарачки, истечено време и преостанато очекувано време на подготовка со јасно видлива напомена и модификатори.

Апликацијата е прилагодена да работи на различни резолуции така што може да се користи и на мали наменски дисплеи.

Оптимизирајте и убрзајте ја подготовката на храна со помош на само еден дисплеј во кујната.

Сигурност на податоци

Во програмата се пристапува преку шифра или идентификациона картица. Секој корисник добива своја картица која му овозможува добивање на соодветните привилегии за користење на програмата со што можноста за злоупотреба се сведува на минимум

Евиденција на корисник:

  • Преку username/password комбинација
  • Магнетни ид картици
  • Баркод картици
  • Рфид ид картици

Сите важни настани се чуваат, така што на основа на овие податоци е овозможен подобар преглед во работата на вработените како и решавање на сите потенцијално спорни ситуации.

Активности кои се следат:

  • Доаѓање /заминување на/од работа
  • Издавање на сметки
  • Сторнирање
  • Раздолжување на келнерот
  • Затварање на работното место

Развиени механизми и прилагодувања

Благодарение на својата флексибилност Гарсон се адаптира на работењето на било кој објект без разлика на големината или видот на услуга.

Прво при нарачка се формира систем: се бираат модули на софтверот кој ќе се користат, се прецизира бројот на лиценци, бројот и типот на печатачи и се одредува останатата потребна опрема.

Следно, пред инсталацијата, нашата поддршка подготвува систем за секој објект. Иако со Гарсон корисниците може сами да ги извршат сите почетни подесувања, најчесто новите кориснци подготовката ни ја препуштаат нас.

Се внесуваат артикли, се дефинираат правила за магацини, се конфигурираат продажни и места за подготовка, се формираат ценовници, со документација се прилагодува идентитетот на локалот(лого дизајн) се прават реони со маси (графички приказ на објектот), се дефинираат позадини и слики кои ќе се користат, се дизајнираат и се кодираат картици за Loyalty програми и вработени.

После ова прецизно подесување, Гарсон е спремен за работа, онака како што корисникот замислил. Сето наведено покасно може да се менува по потреба и во склад со желбите на корисникот.

Освен подесувањето за ПОС места (продажба и наплата, шанк, кујна, келнери) постои и низа на подесувања и опции кој се однесуваат на backoffice и на магацинското работење. Повеќе за администрацијата погледнете во делот Гарсон backoffice.

Сакам да добијам понуда за својот локал

Или нас вие контактирајте не на : +389 (0)43 400-500 и garson@codex.mk