Каков и да е вашиот објект, неговата намена и видот на работење, начинот на продажба и на производство, Гарсон Backoffice ќе ви овозможи да ги евидентирате и следете сите промени на своите магацини.
Дали артикалот се продава на парче или во литри? Дали храната се подготвува во објектот или не? Дали се подготвува на истото место каде што се наоѓа и магацинот со состојки? Дали за подготовка се потребни минимални залихи? На колку места се продава артикал од еден магацин? Дали има нормативи? Како се формира и ажурира цената на производот? Дали ќе се продаваат и некои услуги или ресурси (изнајмување на локалот, организација на настани)?
Кога ќе размислите за организацијата на работата сигурно и самите себе ќе си ги поставите овие или слични прашања.
Ставете контрола над своите залихи и олеснете ја работата на книговодството.
Секоја конфигурација на објектот, видот на работење, начинот на продажба и производство и соодветните магацини, трошоците, видот на гости и на вработени, може да ги водете и следете преку Гарсон Backoffice апликацијата.
Со користење на големото и долгогодишното искуство со угостителите креиравме систем кој подеднакво добро работи во малите кафетерии и ресторани како и во големите клубови, ланци на ресторани, но и во објекти кој имаат друга примарна дејност како што се хотели, велнеес клубови , спортски центри.
Гарсон Backoffice е еден од најмоќните програми за угостителство на пазарот.
Доколку ви е важно добро да ги познавате состојбите во ресторанот ова е алатка за вас.
Повеќе за Backoffice апликацијата.Огромното искуство во работата со угостителите е гаранција за квалитетот на нашиот софтвер
Гарсон моментално работи на повеќе од 1000 локации. Погледнете ја мапата.
Кој се го користи Гарсон?Или нас вие контактирајте не на : +389 (0)43 400-500 и garson@codex.mk