Колку време е потребно за испорака на програмата?
Испораката зависи од повеќе фактори. Затоа е потребно се да земете во предвид при местење на софтверот во прилика на отварање на нов локал.
Самата инсталација во локалот обично не трае подолго од пола час. Доколку е потребно дополнително да се подесува инфраструктура (мрежа, компјутери, интернет...) ова време може да се продолжи.
За подготовка на софтверот (внес на артикли, креирање на реон, подесување на систем) е потребно одредено време кое најчесто зависи од сложеноста на системот, бројот на продажни места, артикли, реони во објектот, магацини, корисници, попуст картици и слично. За повеќето локали ова подготовка трае еден час до два. За овој процес да се забрза најважно е вие да ги доставите на време вашите податоци.
Доколку се порачува опрема која ја нема на лагер треба да се земе во предвид и испораката на опремата.
За фискализација на уредот е потребно понекогаш неколку денови , затоа што фискализацијата најмногу зависи од распоредот и времето на инспекторот кој ја врши фискализацијата.
Доколку кај нас ја порачувате и опремата и фискалните уреди ние ќе се потрудиме овој процес да го оптимизираме во најкус можен рок. Во секој случај за пуштање во работа е најдобро да сметаме во минимун неколку денови по порачување на софтверот
Дали моите келнери ќе може брзо да се облечат?/p>
Програмот е многу едноставен за употреба и не бара никакви предзнаења во користење на софтверот.Секако во прилика на купување на програмата добивате и бесплатна обука во која и вработените добиваат упатства за работа.
Со оглед на тоа дека денес повеќето локали имаат некој софтвер кој го користат за своето работење повеќето келнери со искуство имаат некое познавање во користење на софтвер за ресторан. Така што често се случува при инсталацијата да се утврди дека поголемиот дел од персоналот е веќе обучен за работа со Гарсон.
На крајот, доколку имате дополнителни прашање, секогаш можете да ја контактирате нашата корисничка поддршка за помош.
Користиме една верзија на софтверот дали може да преминеме на друга?
Доколку користите слаба едиција на софтверот, а сакате да поминете на помоќна (на пр од Класик едиција на Професионал) доволно е да не контактирате за да ви направиме соодветна понуда и да се креира нова лиценца. Во тој случај вие продолжувате со работата а новите опции ви стануваат достапни.
Доколку треба да преминете на апгреид на верзијата (на пр Класик 6.1 на Класик 6.2) тогаш доколку имате договор за оддржување апгреидот на софтверот го добивате бесплатно автоматски.
Доколку користите стара основна верзија и сакате да поминете на најновата верзија на пр (Гарсон 4 на Гарсон 6) тогаш е потребно да ни се јавите за да ги договориме соодветните понуди и посебните услови за плаќање.
Моментално користиме други софтвер и сакаме да преминеме на Гарсон. Колку е безболно такво преминување ?
Ние преминувањето кон Гарсон ќе го направеме брзо и едноставно со тоа што ќе направеме комплетно подесување на програмата, префрлањето на податоци од старата програма , прилагодување на вашите барања и пуштање во работа.
Колку чини софтверот?
На основа на долгогодишното искуство знаеме дека секој објект и начин на работење е различен па затоа и секој информацинен систем во него е различен.Затоа за секој корисник се прави посебна понуда со соодветните услови за плаќање.
Не е иста ситуацијата кога некој прв пат отвара локал, кога е некој наш стар корисник, кога некој го менува постоечкиот софтвер со Гарсон, кога некој работи само сезонски и слично.
Затоа препорачуваме прво, на страницата со едициите на софтверот (страница:Избери го својот систем) да погледнете кои стандарди,комплети на софтверот, опрема и оддржување го имаме во понудата. После тоа контактирајте не и после консултациите, ние ќе ја формираме понудата која најмногу одговара на вашите потреби.
Можете да не контактирате на:
Дали е можно да се купи софтверот на повеќе рати?
Да. За посебни услови на плаќање контактирајте не слободно и проверете кои опции се можни во вашиот случај.
Дали може да го изнајмувам програмот?
Да. Со Гарсон Рент програмот може да го изнајмувате системот во однапред договорен временски интервач.
Имам неколку ресторани. Дали одобрувате попуст за купување на повеќе програми?
Да. Обично одобруваме попуст и посебни услови за плаќање за воведување на информацискиот систем во вашиот објект. Контактирајте не за посебна понуда.
Дали ги наплаќате почетните подесувања , инсталација и обука при купувањето?
Инсталацијата и почетните подесувања не се наплаќаат. Клиентите кој во прилика на купување на софтверот ќе склучат договор за оддржување, обуката и пуштањето на системот во работа е бесплатно.
Дали добиваме гаранција?
Да. Гаранција на исправна работа на софтверот е неограничена (Во склад со условите за користење на програмата со крајниот корисник- ЕУЛА) со пропишана употреба и потпишан договор за корисничка поддршка.
Дали можам сам да менувам артикли, цени, и корисници?
Да секако
Во Гарсон постои многу прецизен систем на привилегии кој може да се подеси за сите делови на програмата за да не дојде до грешки и злоупотреба. Така секој на кој му е дозволено може да менува артикли цени и корисници но и останатите делови на системот.
Ми се допаѓа како изгледа програмата. Дали можам сам да менувам и додавам сликички на артиклите на касата?
Да, сликички во програмата може да промените кога и да сакате.
Дали постои ограничување во бројот и начинот на приказ на артиклите на касата?
Не постојат ограничувања во бројот на артикли кој се прикажани на екранот.
При почетно подесување на екранот на касите , ние поставуваме артикли и групи на артикли спрема вашите барања. Во случај да не сте сигурни како да го организирате изгледот на екранот на касите можете тоа да ни го препуштите на нас, спрема искуството ќе ви направиме почетен изглед.Покасно кога ќе утврдите како најчесто изгледаат вашите нарачки ,ќе можете сами да си направите прилагодување.
Дали можам да ограничам пристап на некои делови од програмата?
Да, на сите корисници можете да му одобрете или забраните пристап до секоја опција во програмата.На тој начин може да одберете кои опции му се достапни на келнерите, бармените, или менаџерите, но и на поедини корисници на софтверот.
Исто така Ве советуваме секој корисник на програмата да има пристапни параметри или картица, а не повеќе вработени да користат иста картица или шифра. На овој начин значајно ја смалувате злоупотребата, а во прилика на несогласување полесно се утврдува што се случило.
Дали програмата може да работи на повеќе јазици?
Да. Исто така може да се организира Гарсон пос да биде на еден јазик, а Backoffice на друг, што се случува често кога газдата на објектот е странец.
Гарсон е креиран така што лесно се преведува на било кој јазик, а моментално постои инсталација за повеќе јазици(српски, словенски, англиски, германски,грчки, арапски, албански, македонски).Постои и поддршка за кирилично писмо како и за обратна орентација на софтверот (арапски).
Какви се услуги на поддршка нудите?
На корисниците на нашата програма им обезбедивме повеќе пакети на услуга корисничка и техничка поддршка(погледај ја страницата одржување и поддршка).
Услугите на поддршка опфаќаат телефонска и интернет поддршка, испаѓање на терен(работни денови и викенд).
Дали е обавезен договорот за оддржување?
Договорот за оддржување не е задолжителен.
Ние Ве советуваме , посебно во почетокот на работата на софтверот да си обезбедите некој пакет на поддршка со оглед дека овие услуги се најчесто потребни веднаш и често надвор од работното време. По периодот на евалуација , заедно ќе заклучеме кој вид на услуга е најчесто потребна и во таа смисла ќе ви го предложеме најисплатливиот пакет на поддршка.
Доколку сметате дека нема да ви биде потребна поддршка или не ви одговара постојаната месечна претплата, можете да одберете припејд пакет на поддршка со тоа што таквиот вид на интервенции може да биде значително поскап.
Што ми обезбедува договорот за редовно оддржување?
Договорот за редовно оддржување вас ви овозможува корисничка и техничка поддршка како и бесплатно надоградување на софтверот.
Со овој договор повеќето услуги се бесплатни, но и некои може да бидат наплатени во зависност од избраниот пакет на поддршка.
Времето на извршување на интервенцијата е од 1-24 часа зависно од сериозноста, освен во посебни случаеви кога може да биде продолжено(на пр кога треба да се набави нов дел од опрема)
Јас сакам да имам најголемо ниво на приоритет кога ми треба поддршка и сакам тоа да го платам. Кој пакет треба да го изберам?
Ви препорачуваме да го изберете ВИП или Аll Inclusive пакетот на поддршка.
Мене поддршка ми е потребна 2-3 пати годишно . Дали е подобро да плаќам усуги по интервенција?
Ние секогаш на основа на искуството препорачуваме земање на некој пакет на поддршка со разлика дека итната услуга по интервенција е и значајно поскапа а и со помал приоритет во однос на корисниците со договор за оддржување.
Исто така со основниот пакет на поддршка секогаш сте во можност во текот на работното време да побарате бесплатна консултација, обука за дел од програмата или помош во работата.
Мојот локал работи само за викендот. Може ли да сметам дека ќе ми обезбедите поддршка? Кој пакет да го изберам?
На корисниците им обезбедуваме поддршка и за викенд и за празници. Во зависност од избраниот пакет на поддршка ќе зависи и цената и приоритетот за извршување на овие услуги.
Доколку имате специфични барања или начини на работење, како што е овој, Ве молиме да напоменете во прилика на порачувањето како би можеле да формираме соодветна понуда и да ви обезбедиме најповолни услови за плаќање.
Кој пакети најчесто ги користат вашите корисници?
Најголемиот број од корисниците го користат Standard или VIP пакетот на поддршка.
Што е со опремата? Дали поправката на компјутерите , печатачите, и останатата опрема влегува во пакетот на одржување?
Утврдувањето на дефектот на компјутерот, печатачот и другата опрема влегува во редовното одржување, иако самите услуги за сервисирање може да бидат посебно наплатени по ценовник на услуги на сервисот кој е задолжен за вашата опрема.
Кое е работното време на поддршка
Поддршката е достапна 24/7 односно целовреме.
Меѓутоа доколку користите некој од пакетите кој подразбираат давање на поддршка во текот на работното време тогаш сите интервенции кои ги барате во вечерните саати или за време на викенди се третираат како итни интервенции и ќе бидат наплатени спрема ценовникот за овие услуги.
Зошто морам да платам услуги доколку имам договор за оддржување?
Изгледа го користите основниот пакет на оддржување кој подразбира поддршка во текот на работното време.
Druga situacija je da je usluga koju ste tražili van okvira održavanja softvera kao što je kvar na opremi.
Описите на пакетите на поддршка може да ги погледнете на страната за Што е тоа регистрација?
За да ја користите поддршката потребно е да се пријавите во нашиот систем за да ги имаме потребните податоци и одобрение за извршување на услуга на поддршка.
Некогаш се случува некои личности од незнаење или можеби и злонамерно побарува услуги од нашата поддршка без одобрение на менаџментот. За да се одбегне ваква ситуација во формуларот за регистрацијата прецизно се наведуваат особи на кои му се дозволени нашите услуги.
Доколку имате уште прашање слободно контактирајте не.
Или нас вие контактирајте не на : +389 (0)43 400-500 и garson@codex.mk